Тешко е воопшто да се замсили како се чувствувал 64-годишниот Јан од Белгија, откако дознал дека неговата прекрасна сопруга Моника била родена како машко и од него тоа ги криела цели 19 години.
Се запознале во 1993 година кај неговата сестра каде таа работела како дадилка. Се претставила како моника и рекла дека доаѓа од Индонезија. Тогаш се уште бил во вториот брак, а неговата поранешна сопруга сега веројатно „умира од смеа“.
Мојот втор брак беше на лабави нозе во времето кога ја запознав Моника. Бргу севљубивме еден во друг. Таа веше многу убава и женствена, многу привлачна жена, немаше никакви машки карактеристики – се присетува Јан и додава дека ништо не се посеомневал ти за време на сексот иако таа секогаш користила лубрикант.
Пред да се венчаат ја прашал дали сака да имаат деца, а таа одговорила дека таа идеја не ја привлекува премногу. Почувствувал олеснување затоа што ниту тој не сакал, затоа што веќе имал две деца од претходните бракови. Целото време во бракот таа била контрацептивни апчиња, или барем така го уверувала, а купувала и влошки.
Беше фантастична жена, секогаш добра кон моите деца, одлично готвеше, чистеше и пеглаше, а како можев да знаев дека е родена како машко – продолжува да објаснува како сфатил за што се работи. Моника секогаш сакаше ноќни излегувања и сакаше да носи облека која повеќе откриваше од што покриваше.
„Бубачката во уво“ дека сопругата можеби му е трансексуалец му ја ставил некој роднина, а веднаш потоа Јан се доверил на својот син, кој веќе му рекол дека и претходно имал слушнато гласини за неа дека таа некогаш била машко.
Веќе не можев да издржам и една вечер ја прашав за тоа и други тогаш конечно ми призна дека е родена како машко и дека била на операција за промена на полот. Мојот свет се сруши во секунда. Бев целиот ужаснат. И реков да се исели – вели Јан и додава дека целиот случај завршил на суд затоа што Моника не сакала да замина со своја волја.
Судот одлучил дека таа може да остане да живее во иста куќа со него, барем некое време, така да секојдневно се среќаваат, но не разговараат.