Поскапуваат горивата

Сподели со своите пријатели

Цените на нафтените деривати од полноќ се зголемуваат, соопшти Регулаторна комисија за енергетика.

Loading...

Цената на ЕУРОСУПЕР 95 ќе поскапи за 1,5 денари, и ќе изнесува 86,5 денари по литар. ЕУРОСУПЕР 98 од утре ќе се продава поскапо за 1 денар, и ќе изнесува 88,5 денари по литар.

ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за 2 денари по литар, и од утре ќе чини 78 денари.

Поскапува и екстра лесното масло за домаќинство за 2 денари, и ќе се продава по 77 денари. Цената на мазутот поевтинува за 0,3 денари, и од полноќ ќе се продава по 45,2 денари по килограм.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Спречен шверц на облека на ГП Табановце