Поскапува цената за приклучок на гас во Куманово

Сподели со своите пријатели

Со одлука на Советот на Општина Куманово ќе поскапи приклучокот на гас во Куманово и ќе чини 77.651 денари, односно нешто околу 1250 евра.

Loading...

Во образложението што денеска пред советниците го даде директорот на ЈП „Куманово паркинг“ Марко Митровски, вели дека материјалите за приклучок се драстично поскапени.

– До оваа непопуларна мерка доведе зголемувањето на набавните цени за делови кои се монтираат за еден приклучок за природен гас. Ние немаме сопствени вработени кои монтираат, имаме надворешна фирма која тоа го работи за нас. Направивме анализа за последните три години како се движи цената на делвите, анализата е направена на еден куќен приклучок каде се вметнати сите делови за да функционира тој приклучок, рече Митровски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец чувал елени во својата штала. Доби кривична пријава

Предлогот на Митровски беше во иднина општината доколкку може таа разлика од 55% колку што изнесува поскапувањето, да го надомести за оние домаќинства кои ќе се одлучат да се приклучат.

Никола Ивановски