Градскиот превоз во Куманово од вчера билетите ќе ги наплаќа со повисока цена за пет денари, со што сега цената ќе изнесува 15 денари за патниците кон приградските населби.
Пред една година превозниците во Куманово ги намалија своите цени од 20 на 10 денари со цел сузбивање на конкуренцијата од дивите такси превозници, но од вчера со нова одлука стапува на сила и нова цена.
Засега нема појаснување од страна на компаниите на што се должи поскапувањето, но превозот на учениците и натаму ќе остане бесплатен преку проектот на Министерството за образование.