Поскапе автобускиот билет од Куманово кон Скопје

Сподели со своите пријатели

Автобускиот билет на релација Куманово – Скопје од денеска е поскап за 20 денари.

Loading...

Тоа значи дека ако сакате да патувате до главниот град ќе треба од семејниот буџет да издвоите 170 денари за билет во еден правец, односно 340 денари за повратен билет.

Ова е едно во низата покачувања на цената на билетот кон главниот град што се случи во изминатите две години. Превозниците ваквите поскапувања ги правдаат со покачување на цената на нафтените деривати која од ден на ден урива рекорди.

Така за 20 работни дена работниците и студентите кои работат, односно студираат во метрополата, месечно ќе треба да издвојат 6.800 денари за патни трошоци или повеќе од една третина од просечната плата.

Пред само две години, билетот за релација Куманово – Скопје и обратно изнесуваше само 100 денари.

Никола Ивановски