Луѓето со зелени очи се посебни на многу начини, а тоа го потврдија и експерти.
Откриваат дека луѓето со оваа боја на очите се многу ранливи, лојални на пријателство и љубов, чесни и секогаш го одржуваат ветувањето. Тие се харизматични и изгледаат помладо.
Зелената боја на очите се менува во зависност од расположението, времето, но и облеката што ја носат таквите лица.
Во една интернет-анкета, повеќе од 20 проценти изјавиле дека зелените очи биле најатрактивни, 16,9 проценти фаворизираат светло-сини очи, 16 проценти очи во боја на лешник и 15,2 проценти гласале темно сини.
Ако не сте знаеле, само два проценти од светската популација има зелени очи, со повеќе жени отколку мажи, од кои повеќето живеат во Европа.
Можеби овие луѓе се најатрактивни и најубави, но носат и некаков ризик по здравјето.
Сините и зелените очи содржат помалку пигмент што штити од ултравиолетова светлина, така што таквите луѓе имаат поголем ризик од меланом.