Посебен сообраќаен режим низ Куманово и Старо Нагоричане поради Олимпијадата

Сподели со своите пријатели

Дел од сообраќајниците низ Куманово и Старо Нагоричане деновиве ќе бидат под посебен сообраќен режим поради идржување на Младинската Олимпијада.

Loading...

Секторот за внатрешни работи Куманово ги известува граѓаните дека поради одржување на Европските младински игри во Општина Старо Нагоричане е воведен посебен сообраќаен режим и тоа во понеделник (21.07.2025) од 08.00 до 14.00 часот, вторник (22.07.2025) од 08.00 до 16.00 часот, среда (23.07.2025) од 09.00 до 14.00 часот  и четврток (24.07.2025) од 09.00 до 14.00 часот.

Исто така, на подрачјето во село Доброшане ќе биде воведен посебен сообраќаен режим и тоа во вторник (22.07.2025) и среда (23.07.2025) од 08.00 до 17.00 часот, а во Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Утре во Куманово се играат првите кошаркарски натпревари од Младинска Олимпијада

На  дел од булеварите „Трета македонска ударна бригада“ и „Октомвриска револуција“ сообраќајот ќе биде запрен во четврток (24.07.2025) од 05.00 до 14.00 часот.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници, со цел да се обезбеди безбедно одвивање на сообраќај, велат од СВР Куманово.

Во меѓувреме затворен е и паркинг просторот кај Градскиот базен.

Никола Ивановски