Португалските власти им зададоа голем удар на меѓународните нарко-картели. Во спектакуларна операција на отворено море, полицијата пресретна подморница наменета за шверц на кокаин во Европа во близина на Азорските Острови и заплени речиси девет тони дрога – најмногу во историјата на Португалија, објавува The Guardian.
Најновото и најважно откритие е дека станува збор за најголемата количина кокаин пронајдена на таканаречена „подморница за дрога“ што била на пат кон европскиот пазар.
Операцијата е спроведена во соработка со португалската судска полиција, морнарицата и воздухопловните сили, со поддршка на американската DEA и британската Национална агенција за криминал.
Бродот пристигнал од Латинска Америка, а на него имало четири члена на екипажот, тројца колумбиски државјани и еден венецуелец. Сите биле уапсени.
За време на интервенцијата, бродот потонал, при што 35 пакети кокаин завршиле на дното на Атлантскиот Океан, додека остатокот од товарот бил спасен.
Според официјалните информации, подморницата за дрога транспортирала вкупно 300 пакети дрога, а пресретнувањето се случило на околу 230 наутички милји од Азорските Острови, во многу тешки временски услови што ја отежнале операцијата уште повеќе.
Португалските медиуми јавуваат дека вредноста на конфискуваниот кокаин на нелегалниот пазар би можела да достигне до 600 милиони евра.
Полицијата потврди дека станува збор за најголемата заплена на кокаин досега регистрирана во таа земја, што го прави овој случај еден од најголемите во Европа.
Експертите предупредуваат дека подморниците за дрога сè повеќе пристигнуваат во европските води, а оваа заплена потврдува дека криминалните мрежи се подготвени да преземат сè поголеми ризици за да достават огромни количини дрога на континентот.
📢Maior apreensão de sempre de cocaína em Portugal
A @PJudiciaria realizou com a @MarinhaPT e a @fap_pt uma operação de combate ao tráfico de droga por via marítima, no decurso da qual foi possível intercetar, em alto mar, um semi-submersível com cerca de 9 ton. de cocaína. pic.twitter.com/RqJwjUSHFK
— Polícia Judiciária (@PJudiciaria) January 25, 2026

