Портпаролот на Путин: Никогаш нема да попуштиме пред санкциите поради Украина

Сподели со своите пријатели

Западните санкции никогаш нема да ја променат позицијата на Русија за Украина, објави Кремљ.

Loading...

„Тие сметаат на нив да не принудат да ја смениме нашата позиција. Тоа не доаѓа предвид“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговарајќи на санкциите на Западот против руската инвазија на Украина.

Песков изјави за новинарите дека рускиот претседател Владимир Путин бил информиран за првата рунда разговори што се одржаа вчера меѓу руските и украинските претставници, но дека се уште е рано да се процени нивниот исход.

Нема планови за разговори меѓу Путин и Зеленски

Нема планови за разговори меѓу претседателот Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, рече Песков, додавајќи дека Москва продолжува да го признава Зеленски за лидер на Украина. Според него, Зеленски може да спречи дополнителни жртви доколку издаде наредба да го положи оружјето.

Украина одби да се предаде, а нејзините сили жестоко се спротивставуваат на рускиот напад, кој доаѓа од север, исток и југ, во инвазијата опишана од Москва како специјална операција за демилитаризација и денацификација на земјата, оправдување што Украина и Западот го отфрлаат како воена пропаганда.

Тој ги отфрла тврдењата дека Русите извршиле воени злосторства

Песков ги отфрли наводите за руски напади врз цивилни цели и употреба на касетни и вакуумски бомби, тврдејќи дека наводите се лажни.

Loading...

Тој категорично ги отфрли тврдењата дека Русија извршила воено злосторство.

Украина објави дека во нападите се убиени голем број цивили. Од друга страна, Песков, без да понуди докази, тврди дека украинските националистички групи ги користат луѓето како жив штит.

Песков одби да одговори на прашањето дали верува дека главниот град на Украина е под контрола на нацистите.