Портпаролката на Белата куќа: Бараме ослободување на заложниците Чернобил

Сподели со своите пријатели

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки ја коментираше информацијата дека руската армија ги држи како заложници нуклеарните работници во Чернобил.

Да потсетиме, денеска имаше тепачка меѓу украинската и руската армија за нуклеарната централа Чернобил.

 

Белорускa новинарка: Ја зазедоа електраната во Чернобил и ги зедоа работниците како заложници

 

На крајот Русите ја презеле нуклеарната централа и ги зеле работниците како заложници, пренесуваат локалните медиуми.

„Бараме нивно ослободување“

„Ние сме огорчени од веродостојните извештаи дека руските трупи во моментов го држат како заложник персоналот во Чернобил“, рече таа.

 

Објавени првите снимки од руски тенкови кај Чернобил (ВИДЕО)

 

„Ова незаконско и опасно земање заложници, кое може да ги наруши рутинските напори на државната служба потребни за одржување и заштита на капацитетите за нуклеарен отпад, очигледно е неверојатно алармантно и сериозно загрижувачко. Ние го осудуваме и бараме нивно ослободување“, заклучи Псаки на дневниот брифинг.

 

Апел на Меѓународната заедница за атомска енергија поради Чернобил