Портокалов аларм за опасност од невреме активен во цела Македонија

Сподели со своите пријатели

Управата за хидрометеоролошки работи за денеска вклучи портокалово ниво на предупредување за опасност од невреме за територијата на цела Македонија.

Loading...

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно, во раните утрински часови со услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во текот на денот, како што информираат од УХМР, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер (над 70 км/час) и град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тепачка меѓу татко и син во Куманово, двајцата во болница

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време, со комбинација со кракти сончеви периоди.

Loading...

Попладне се очекува нестабилност со пороен дожд, засилен ветер, силни електрични празнења, а не е исклучена можноста на одредени места да има и појава на град.

Утринската температура ќе се движи околу 16 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 30 степени целзиусови.

 

 

Во среда и во четврток времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Потоа се очекува стабилно и потопло време.

Никола Ивановски

Loading...