Порталот Журнал реагира на игнорантскиот однос на Иванов за Тетово

Сподели со своите пријатели

Додека Тетово и околните села се соочуваат со голема трагедија која не се памети во изминатите 50 години, а како резултат на катастрофалните поплави во кои загинаа 5 лица меѓу кои и деца, Претседателот Ѓорѓе Иванов не покажува никакви емоции, пишува порталот Журнал на албански јазик.

Loading...

Вкупната алармантна ситуација не претставува доволна причина за Иванов како претседател на сите граѓани да излезе на терен и да ги посети поплавените региони во Тетово, каде што граѓаните ги загубија своите најблиски (деца) и ги загубија сите нивни материјални добра, наведува Журнал.

Според порталот, ова само докажува дека Иванов не е заинтересиран за Тетово, но и за другите места населени со Албанци.

Досега во Македонија, кога од поплави или од различни акции на полицијата има човечки жртви, Иванов има уставна обврска да го покаже својот став кон настаните кои се случуваат во Македонија, што не е случај и сега со Тетово.

Цитирајќи го Уставот, порталот Журнал наведува дека во случај на природна катастрофа од огромни размери, претседателот треба да ги откаже сите меѓународни посети и надвор од областа каде што се случила несреќата, пишува весникот.