Породлжуваат натпросечните температури

Сподели со своите пријатели

Преку ноќта времето во Македонија беше променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Наместа се засилуваше, а во штипското подрачје брзината на ветерот достигнуваше до 50км /час, информираат од Управата за хидрометеорлошки работи.

Во текот на денот не очекува променливо облачно со сончеви периоди, ќе има зголемена облачност, со услови со краткотраен локален дожд, особено предпладне. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат од 9 до 15, а максималните од 21 до 25 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умернео облачно време. Ќе дува умерен југоисточен ветер, а максималната дневна температура ќе достигне 22 степени целзиусови.

Нашето подрачје во наредните денови ќе се наоѓа под јужно воздушно струење. Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и релативно топло за овој период од годината.

Температурата на воздухот ќе биде над просекот за овој перод. Повремено ќе дува умерен до засилен ветер претежно од југоисточен правец.

Од среда брзината на ветерот ќе се намали.

Leave a Reply