Пораз за Куманово од Гостивар

Сподели со своите пријатели

Со резултат 79:91, кошаркарите на Куманово забележаа пораз во мечот кој викендов против Гостивар го одиграа на домашен терен.

Loading...

Убедлив и фуриозен старт имаше домашниот состав, па за првите десет минути игра успеа да уфрли 30 поени, наспроти 18те на Гостивар, што сепак не наговестуваше исход каков што следуваше на крајот на мечот.

Веќе од втората четвртина кумановци како да се предадоа под налетот на поискусните играчи од гостинскиот ростер. Сепак на полувреме се замина со резултатска предност за избраниците на тренерот Александар Петровиќ, односно со 43:40.

Во третиот и четвртиот период кумановци уфрлаа по 18 поени, а Гостивар реализираше 26, односно 25 по последните десет минути на паркетот, со што си обезбеди победа.

Кај Куманово со 19 поени најефикасен беше Горјан Марковски, 14 впиша Јован Црниќ, а поен помалку Теодор Атанасов. Капитенот Јанески бележи 11 поени.

Од гостинскиот состав со 15 поени најефикасен беше Ѓорѓе Џлетовиќ, а по 14 бележат Ли, Димчевски и Амстед.

Ваквиот исход сепак не менува ништо на табелата. Двата тима веќе имаат обезбедено пласмат во Суперлигата, Куманово како шестопозициониран на табелата, а Гостивар како третопозициониран состав.

До крајот на регуларниот дел останува уште еден меч, по што ќе започнат натпреварите од Суперлигата.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply