Водостојот на Пчиња за еден ден порасна за 14 сантиметри, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, кај мерната станица во селото Пелинце.
Од вчерашните 38 сантиметри, утринава во 07:30 часот биле измерени 52цм, по вчерашните пообилни врнежи од дожд.
Со ова веќе се стигнува до просекот за месец јуни кој изнесува 51 сантиметар.
Водостојот е можно да расте дополнително, со оглед дека врнежи од дожд се најавуваат и за денеска.
Никола Ивановски

