Поранешниот претседател на Шри Ланка, Ранил Викремесинге, беше уапсен денес од Одделот за кривични истраги во врска со наводи за злоупотреба на државни средства, објави локалниот телевизиски канал Ада Дерана.
Викремесинге, 76, беше уапсен откако пристигна во канцеларијата на одделот во главниот град Коломбо, за да сними изјава во истрагата за неговата посета на Лондон за да присуствува на церемонијата на дипломирање на неговата сопруга, според извештајот на Ројтерс.
Адвокат кој беше премиер на Шри Ланка рекордни шест пати, Викремесинге беше назначен за претседател во 2022 година, во услови на исцрпувачка финансиска криза во островската земја.
Викремесинге, кој е лидер на Обединетата национална партија (УНП), ја презеде власта откако протестите предизвикани од економскиот колапс го принудија неговиот претходник Готабаја Раџапакса да избега од Шри Ланка, а подоцна да поднесе оставка, објави Танјуг.