Поранешниот претседател на Колумбија осуден за поткуп и злоупотреба на судските процеси

Сподели со своите пријатели

Поранешниот колумбиски претседател Алваро Урибе стана првиот поранешен шеф на држава кој е осуден.

Loading...

Тој беше прогласен за виновен за злоупотреба на службена должност и поткуп на јавен службеник, а судијата, читајќи ја пресудата, рече дека правдата не се поклонува пред власта, туку е во служба на колумбискиот народ.

Висината на казната ќе биде одредена на посебно рочиште.

Пресудата ја изрече судијката Сандра Лилијана Хередија, која го ослободи Урибе од третата точка од обвинението – манипулирање со сведоци – но го прогласи за виновен за преостанатите две точки, објави Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Венеција заработи 5,4 милиони евра од влезници во градот

Секоја од пресудите носи можна казна од шест до 12 години затвор. Казната ќе биде одредена на посебно рочиште.

„Правдата не се поклонува пред власта. Таа е во служба на колумбискиот народ“, рече судијата за време на читањето на пресудата, кое траеше околу девет часа.

Таа додаде дека пресудата има околу 1.000 страници и може да се обжали. Случајот, кој трае повеќе од 13 години, се однесува на обидите на поранешниот претседател да влијае врз сведоците во постапките поврзани со неговите наводни врски со десничарските паравоени групи.

Урибе и неговите поддржувачи велат дека станува збор за политички мотивирано гонење, додека неговите критичари ја гледаат пресудата како судски преседан.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Драма на плажа: Пилот на борбен авион изведе неверојатен маневар, малку фалеше за катастрофа (ВИДЕО)

Урибе, 73, беше претседател на Колумбија од 2002 до 2010 година.