Поранешниот премиер на Малезија прогласен за виновен за злоупотреба на службена должност

Сподели со своите пријатели

Поранешниот малезиски премиер Наџиб Разак (72), кој е во затвор, денес беше прогласен за виновен за злоупотреба на службена должност во најголемото судење досега за скандалот со финансиски измами во државниот фонд за развој – 1MDB, во рамките на Министерството за финансии.

Наџиб беше обвинет по четири точки за корупција и 21 точка за перење пари за примање нелегални трансфери од околу 2,2 милијарди рингити (462 милиони долари) од 1MDB, објави Ројтерс.

Тој постојано негираше дека сторил какво било кривично дело, а судијата сè уште не изрече целосна пресуда и казна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Северна Кореја продолжува со развојот на ракети (ФОТО)

Поранешниот премиер веќе отслужува затворска казна откако беше осуден во судски процес за грабеж на државната каса вреден повеќе милијарди долари, што ја собори неговата влада во 2018 година.

Разак беше осуден на 12 години затвор во 2020 година, за злоупотреба на службена должност, кривично дело кршење на довербата и перење пари.

Тој почна да ја издржува казната во август 2022 година, откако неговата последна жалба беше одбиена, што го направи првиот поранешен малезиски лидер кој е затворен, објави Танјуг.