Поранешниот јужнокорејски министер за одбрана Ким Џонг-хјун се обиде да си го одземе животот во притвор во источен Сеул, каде што се наоѓа под обвинение за бунт во врска со истрагата за неуспешното воведување на воена состојба.
Loading...
Ким го преживеа обидот за самоубиство и моментално се наоѓа во ќелија со високо обезбедување, пишува Јонхап.
Потсетиме дека овој функционер беше уапсен во средата, со што стана првата личност која беше уапсена како дел од пошироката истрага за неуспешната одлука на претседателот Јун Сук Јеол да воведе воена состојба, што предизвика политички тензии во земјата.