Поранешниот германски канцелар на удар од банките поради врски со Русија

Сподели со своите пријатели

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер се најде во нови проблеми поради неговата долгогодишна поврзаност со руските власти, а овој пат неговите банкарски сметки се под удар.

Loading...

Шредер, кој по неговото канцеларство помеѓу 1998 и 2005 година одлучи да живее во родниот Хановер, ги довери своите финансии на локалната штедилница Шпаркасе, институција што ја користат повеќето германски граѓани.

Сепак, според германските медиуми, Шпаркасе одлучила да ги блокира сите парични трансфери од Русија на неговите сметки, плашејќи се од можни меѓународни санкции.

Во прашање се редовните плаќања од Газпромбанк, кои Шредер ги добивал како претседател на надзорниот одбор на проектот „Северен тек 2“.

Сумата од 200.000 евра, која пристигнуваше на секои шест месеци, сега му се враќа на испраќачот.

Досега, најмалку две такви исплати се одбиени, што значи дека поранешниот канцелар останал без 400.000 евра.

Иако „Шпаркасе“ официјално не го потврди блокирањето на плаќањата, извори од банкарскиот сектор за „Билд“ изјавија дека банката се плаши од санкции на САД доколку продолжи да обработува пари од Русија.

Шредер, кој постојано беше критикуван за неговите блиски врски со Кремљ и руските енергетски компании, беше хоспитализиран на почетокот на февруари.

Loading...

Лекарите потоа објавија дека тој страда од тежок синдром на прегорување, со симптоми на длабока исцрпеност и сериозен недостаток на енергија.