Поранешни припадници на вооружените сили на Сирија уапсени во Германија за воени злосторства

Сподели со своите пријатели

Петмина поранешни вработени во сириските вооружени сили кои се осомничени за воени злосторства врз цивилното население во Сирија се уапсени во средата во Германија.

Loading...

Петмината уапсени, четворица Палестинци без државјанство од Сирија и еден сириски државјанин, се осомничени дека учествувале во задушувањето на антирежимските протести во 2012 година како дел од специјалните формации собрани од владата на Башар ал Асад, при што беа убиени шест демонстранти.

Покрај овие воени злосторства, осомничените се товарат и за тортура врз политички затвореници, киднапирање и незаконско отуѓување имот.

Осомничените се уапсени по наредба на главниот државен обвинител во Карлсруе на различни локации низ Германија, додека по друг осомничен се трага.

Во исто време, во рамките на истата истрага, во Шведска се уапсени уште тројца членови на истата група.

Четворицата осомничени Палестинци биле членови на Движењето за слободна Палестина (ФПМ), вооружена милиција што режимот ја користи за контрола на населбата Ал Јармук во Дамаск, која излезе од палестински бегалски камп.

Во блокадата на овој квартал во 2013 година учествуваа и членови на ФПМ, при што поради недостиг на храна, вода и лекови, во овој кварт животот го загубија непознат број Палестинци.

ФПМ тесно соработуваше со делот на сириската тајна служба кој беше задолжен за Палестинците во Сирија.

Loading...

Се претпоставува дека осомничените пристигнале во Германија за време на бегалската криза во 2015 година, кога мнозинството ја преминале границата без документи за идентификација.