Поранешниот британски маринец Пен Фартинг, кој ја водеше кампањата за спасување животни од Авганистан, слета со околу 170 мачки и кучиња на аеродромот Хитроу во Лондон, но неговиот персонал од 24 члена не беше со него.
Основачот на засолништето за животни во Авганистан изјави дека неговите емоции биле измешани кога слетал во Велика Британија со своите животни, но без персоналот што останал во Кабул, пренесоа светските медиуми.
Пол „Пен“ Фартинг, кој пристигна на аеродромот Хитроу околу 7 часот наутро во неделата, напиша на Твитер дека има „навистина длабоко чувство на тага поради Авганистан“.
Според Скај њуз, тој се обидувал да го повлече својот персонал и да спаси животни од Кабул, кога во четвртокот се случи експлозија на меѓународниот аеродром во Кабул.
Неговиот приватен чартер лет, кој го финансираше, слета во неделата наутро на аеродромот Хитроу во Лондон, но 24 членови на неговиот персонал и членови на семејството од засолништето Новзад не беа во авионот.
Arrived Heathrow with partial success of #OpArk Mixed emotions & true deep feeling of sadness for Afghan today. Heathrow Ops centre, Border Force, HARC & Air Pets were all bloody amazing. Witnessed 1st hand the compassion Heathrow is showing Afghan refugees. 🙏🏼❤️#AboveAndBeyond
— Pen Farthing (@PenFarthing) August 29, 2021
Тој беше придружуван од ветеринар, д -р Иан Мекгил од Велика Британија, кој беше поканет да патува со него за да ги следи кучињата и мачките.
Тој рече дека е „извонредно“ што животните се толку здрави, имајќи предвид дека од средата вечерта биле во кутии со камиони во хаотичниот Кабул и дека било пукано на Фартинг и неговиот тим.
– Повеќе од 150 здрави животни, со оглед на тоа низ што поминале, се во неверојатна состојба, рече овој ветеринар.
– Има неколкумина од нив кои беа пренесени во болницата за животни бидејќи се малку дехидрирани. А имаше и многу, многу мали рани, главно од толку време во гајбите, објасни тој.
Доминик Дир, пријател и активист за заштита на животните, рече дека поранешниот британски војник бил принуден да патува сам назад, откако му било кажано дека не е можно да се најдат луѓе што ќе ги пополнат местата во авионот.
Тој рече дека персоналот на засолништето сѐ уште е во своите домови, додавајќи дека ќе се направат напори да се обиде да ги извлече од Авганистан.
Тој додаде дека тие се меѓу илјадниците Авганистанци кои имаат право да ја напуштат земјата, но всушност во моментов немаат безбеден излез.
Да потсетиме, поранешниот англиски маринец Пен Фартинг ја основа Новзад, организација која спасува животни во Авганистан. Нејзиното седиште е во Кабул, каде што имаат засолниште и ветеринарна клиника.