Поранешен ФБИ агент повотрно го отвора еден од најпознатите случаи
On:
Сподели со своите пријатели
Како е пронајдено засолништето во кое Ана Франк се криела за време на Холокаустот и денеска е мистерија, иако нејзиниот татко Ото, единствениот преживеан член на семејството, минал години обидувајќи се да дојде до одговори, пишува „Ментал Флос“.
Сепак, еден поранешен агент на ФБИ планира повторно да го отвори овој застарен случај, пренесува „Гардијан“.
Винс Панкоке и неговиот тим од 19 форензички експеерти ќе се обидат со помош на нови методи да утврдат како се одвивале настаните пред Ана да биде одведена во Берген-Балсен, каде починала најверојатно од тифус.
Целиот тек на процесите ќе биде бележат на сајтот „Cold Case Diary“, а резултатите од истрагата би требало да бидат објавени на 4 август 2019 година, 75 години по откривањето на засолништето на Франкови.
Се верува дека семејството го издал Гестапо, иако музејот Куќата на Ана Франк минатата година објави студија во која укажува дека засолништето можеби било откриено случајно.
Панкоке наведува дека открил документи поврзани со апсењето на Франкови, за кои претходно се верувало дека се уништени, а кои всушност биле испратени во САД по Втората светска војна и дури неодамна биле декласифицирани.
Истражувачите исто така ќе извршат и детална анализа на архивата на Куќата на Ана Франк, како и бројни записи од изјави на сведоци и сослушувања во врска со овој случај.