Поранешен член на ФСБ на чело на окупираната украинска област Херсон

Сподели со своите пријатели

Рускиот функционер Сергеј Јелисеев, кој дојде од моќната безбедносна служба ФСБ, денеска го презеде управувањето со украинската област Херсон, која беше окупирана од Москва.

Loading...

Јелисеев, досегашен помошник-шеф на владата на северозападната руска област Калининград, стана шеф на владата на Херсонската област, објави синоќа преку Телеграм Владимир Салдо, кој раководи со руската окупациска администрација.

Неговата влада, според соопштението, денеска стапи на должност.

Педесет и едногодишниот Јелисеев, дипломиран на Академијата на ФСБ, работел во службата за безбедност на неодредени позиции, се наведува на веб-страницата на Калининградската област.

Поранешниот украински пратеник кој пребегна во Москва и преживеа обид за атентат на крајот на јуни, Алексеј Ковалев беше назначен за помошник на Јелисеев за земјоделски прашања.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сијарто: САД и ЕУ не бегаат од ширење на украинскиот конфликт во целиот свет

„Русија е тука засекогаш“, изјави тој.

Од преземањето на Херсон, Москва спроведе политика на русификација на областа, рубљата беше воведена како валута, беа издадени руски пасоши, првата руска банка беше отворена на крајот на јуни, критичките гласови се задушени и економската активност е во голема мера под контролата на окупациската администрација, според агенцијата Франс прес.

Рускиот претседател Владимир Путин кога ја започна офанзивата против Украина рече дека неговата земја нема да ја окупира.

Loading...

Оттогаш, Кремљ се ограничи само да пренесе дека жителите ќе ја изберат својата иднина, навестувајќи дека поддржува организирање референдум и анексија, како што се случи на Крим.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се огласи Кремљ по најавите за употреба на американско оружје за напади на руска територија

Во исто време, во последните недели беа извршени неколку атентати врз претставници на Кремљ во окупираните зони, како оној на Алексеј Ковалев.

Украинските сили тргнаа во офанзива во регионот Херсон и повратија одредена територија од Русите, според Франс прес.