Пораките на „WhatsApp“ ќе исчезнуваат

Сподели со своите пријатели

WhatsApp наскоро ќе започне да тестира пораки што ќе исчезнуваат откако корисникот ќе ги испрати.

Loading...

Целта на оваа опција е да се зачува приватноста на разговорот со испраќање на пораката, но ќе има можност да ги „исчисти“ и записите што остануваат, пренесува Independent.

Како што се додава, корисниците ќе можат да постават временски рок за пораки.

Ова значи дека тие ќе можат да се испраќаат на вообичаен начин, но потоа ќе бидат избришани, за да се спречи некој да ги копира или снима на својот екран.

Засега, функцијата е достапна во бета верзија на апликацијата Android.

WhatsApp сè уште работи на развивање на оваа опција, но сè уште не е јасно кога ќе биде достапен за сите корисници.

Leave a Reply