ПОРАКА ОД ЕУ: Време е да ја оживееме туристичката индустрија!

Сподели со своите пријатели

Летото полека се приближува, и ако сте планирале да го поминете летниот одмор во рамките на границите на ЕУ, пристигнуваат вести кои можат да ве направат среќни.

Loading...

Имено, Европската унија подготвува предлог за отворање на границите за сите туристи кои биле вакцинирани со обете дози од вакцината за коронавирус, пишува списанието Травел.

 

 

„Време е да се оживее туристичката индустрија“, твитна претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Овој твит следеше откако Европската комисија препорача влез на целосно вакцинирани патници надвор од ЕУ, односно од земји со „добра епидемиолошка состојба“.

Критериумот за „добра епидемиолошка состојба“ веројатно ќе се заснова на бројот на инфекции на 100.000 жители, на двонеделно ниво на мерење.

Loading...

 

 

Одлуката ќе биде донесена на крајот на мај

Европската агенција за лекови (ЕМА) досега ги одобри вакцините „Бионтех/Фајзер“, „Модерна“, „АстраЗенека“ и „Џонсон и Џонсон“, а во наредните денови се очекува да одобри и две кинески вакцини „Синовак“ и „Синофарм“.

Иако сите земји-членки мора принципиелно да се согласат за овој предлог на Европската комисија, одделни земји можат да донесат свои одлуки, како што веќе сторија Грција и Унгарија.

Се разбира, сертификатот за вакцинација нема да ја исклучи можноста некои земји да воведат задолжителен тест за ПЦР, како и период на карантин.

Во меѓувреме, ЕУ очекува да го активира системот на дигитални зелени сертификати што исто така ќе им биде достапен на граѓаните кои не се членки на ЕУ и ги примиле двете дози на вакцини одобрени од Европската агенција за лекови.

Loading...

 

Leave a Reply