Поради жештините, нагло зголемување на итните случаи во болниците во Италија

Сподели со своите пријатели

Болниците низ Италија бележат нагло зголемување на бројот на луѓе кои бараат итна помош поради здравствени проблеми поврзани со топлината поради топлотниот бран што ја зафати земјата и јужна Европа.

Loading...

Некои болници пријавиле зголемување од 20 до 25 проценти на итни случаи поради дехидрација или други болести предизвикани од прекумерна изложеност на топлина.

Температурите во Рим достигнаа 41,8 степени целзиусови во вторникот, соборувајќи го претходниот рекорд од 40,7 степени целзиусови поставен во јуни 2022 година, пишува Гардијан.

Сицилија достигна околу 41 степени целзиусови, а Сардинија имаше максимални 45 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Силен земјотрес ја погоди Колумбија

Во јужниот град Неапол, болницата Кардарели соопшти дека 231 пациент добил итна помош во изминатите 24 часа, што значи дека по еден пациент бил лекуван на секои шест минути, најмногу од пандемијата на коронавирус во 2020 година.

Најголем дел од пациентите се постари, некои од домовите, но луѓе од сите возрасти, вклучително и туристи, бараат помош поради жештините.

„Ова е исклучително деликатен момент“, рече Антонио д’Аморе, генерален директор на болницата.

Тој наведе дека од примените во понеделник два отсто се во тешка состојба, а 38 отсто во средно критична состојба.

Loading...

Тој апелираше до граѓаните да контактираат со итните служби само во случаи кога тоа е навистина потребно.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Работата на црно е се поголем проблем во Германија: Државата поради тоа изгубила 615 милиони евра

Италијанското Министерство за здравство прогласи „црвен аларм“ за 23 градови, вклучувајќи ги Рим, Фиренца, Болоња, Бари, Катанија, Каљари, Палермо и Торино, што значи дека жештините се толку интензивни што се сметаат за здравствена закана за целото население, не само за децата и постарите лица.

Џанфранко Џанаси, директорот на службите за итни случаи во Тоскана, рече дека бројот на луѓе кои бараат помош поради жештините се зголемил за 10 отсто, а најмногу пациенти се во болницата Санта Марија Нуова во центарот на Фиренца.

„Во споредба со претходните години, ситуацијата не е толку лоша, главно поради тоа што постои поголема свест за ризиците и затоа е подобра превенцијата“, изјави тој за „Флоренс пост“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нов план за евакуација поради потенцијална ерупција на вулканот Везув: 700.000 луѓе се во опасност

Тој, сепак, посочи дека топлотните проблеми доаѓаат до израз по неколкудневните континуирани горештини, па останува да видиме што ќе се случи оваа недела.

Зголемување на бројот на примени во итни случаи е забележано и во болниците во јужниот регион на Пуља и во Венето на север.

„Италија е земја со една од најстарите популации и кога возраста е комбинирана со здравствени проблеми како срцеви заболувања или тешкотии со дишењето, екстремната топлина создава фатална ситуација“, рече Џовани Леони, потпретседател на италијанското лекарско здружение.