Кејти Годфри (32) од Велика Британија го напуштила училиштето на 13 години поради врсничко насилство.
Иако мислела дека веќе ништо нема смисла и дека никогаш нема да може да заработи за себе, сепак животот имал поинаков план за неа.
Кејти сега е една од најуспешните претприемачи во Велика Британија и има дури девет академии за убавина низ целата земја и еден салон за убавина.
Таа е сопственик и на производство на разни професионални алатки за разубавување, како и вештачки трепки.
View this post on Instagram
Кејти вели дека и е благодарна на мајка си што ја повлекла од училиште и верува дека не е се во школувањето, туку дека има нешто во тоа колку добро ќе се снајдеш.
– Многумина би рекле дека не е во ред да се дозволи детето да го напушти училиштето, но јас сум пример дека не ти треба никаква диплома за да успееш во животот. Училиштето не ве учи на претприемништво и економија. Не е се во стандардното школување – изјавила Кејти.
Како што вели, имала многу стресно и грдо детство, бидејќи децата не ја сакале, а поради заканата била дури и на работ да се самоубие.
View this post on Instagram
– Девојките ме тепаа, ме заклучуваа во тоалет, се закануваа дека ќе ме бодат, ширеа одвратни лаги за мене и ми испраќаа ужасни писма и закани на домашна адреса. Бев на работ да извршам самоубиство и тогаш моите родители сфатија дека мора да направат нешто. Се школував дома, но не се стекнав со официјални дипломи и квалификации – се присетува оваа девојка.
Кога имала 14 години, Кејти добила повик од агенција за модели и, како што вели, тогаш сфатила дека нејзиниот животен повик е работа поврзана со убавина.
– На 14 години ме контактираше агенција за моделирање. Многу ми помогна, а во манекенството научив многу и ги поставив темелите на мојата приватна работа. На 16 години почнав со курсеви, а на 18 основав агенција за моделинг. По шест месеци ја затворив агенцијата и се свртев само кон индустријата за убавина. Отворив салон и така започна се – објаснува Кејти.
View this post on Instagram
Иако се изгледало идилично, Кејти признава дека пет години била во големи долгови, но дека никогаш не сакала да се откаже од својот сон.
– Бев во длабоки долгови. Си дадов пет години да платам се и успеав. Понекогаш сѐ уште не ми се верува дека сум толку успешна и дека за само една година заработив 600.000 евра. Од оваа перспектива, благодарна сум на моите мачители, бидејќи да не беа тие, немаше да го постигнам ова – заклучи таа.
View this post on Instagram