Поради војната во Украина, мандатот на Столтенберг ќе биде продолжен за една година

Сподели со своите пријатели

Јенс Столтенберг ќе остане на чело на НАТО уште една година бидејќи сојузниците решиле да му го продолжат мандатот поради сериозната безбедносна криза предизвикана од руската војна во Украина, дознава Скај њуз.

Ова треба официјално да биде соопштено на вонредната средба на лидерите на 30-те земји членки на НАТО денеска во Брисел.

 

Бајден пристигна во Европа, започнува клучниот состанок на НАТО (ВИДЕО)

 

Така, Столтенберг, поранешниот премиер на Норвешка, ќе остане генерален секретар и по септември, кога требаше да му истече мандатот.

Инаку, Столтенберг е шефот на НАТО со најдолг стаж кој е на таа позиција од 2014 година.

Запрашан за можноста за продолжување на неговиот мандат откако утринава пристигна во седиштето на НАТО, Столтенберг им рече на новинарите:

„Таа одлука ја оставам на 30 лидери. Немам дополнителни коментари“.

 

Украинска морнарица: Го уништивме рускиот носач Орск

 

Мандатот му е веќе два пати продолжен, секој за уште две години. За позицијата лидер на НАТО се споменуваше и хрватската поранешна претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.

Имено, францускиот весник Les Echos пишуваше за шест кандидати, а меѓу нив е и поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ. Лес Ехос пишува дека фаворит е Грабар-Китаровиќ, која веќе работела во НАТО како помошник генерален секретар.