Поради тајниот договор, Епл и Амазон плаќаат милионски казни

Сподели со своите пријатели

Двете компании ќе мора да платат големи казни поради спроведувањето на антиконкурентната политика на италијанскиот пазар.

Loading...

Италијанските власти ги казниле американските технолошки гиганти Амазон и Епл со околу 200 милиони евра. Компаниите се обвинети за антиконкурентна соработка во продажбата на платформата Амазон во Италија.

 

 

Двете компании се на удар на критики поради договорот постигнат во 2018 година, кој наводно им дозволувал само на избрани препродавачи да продаваат производи на Епл и додатоци на Beats на Amazon.it.

Италијанските антимонополски власти пресудиле дека компаниите ги прекршиле законите на ЕУ и влијаеле на конкуренцијата во ценовниот сегмент. На Епл и Амазон им е наредено да го раскинат договорот и ограничувањата што ги наметнува, како и да им дадат пристап на сите продавачи на производите на Apple и Beats до услугата Amazon.it, што не е дискриминаторски.

 

Loading...

Амазон е казнет со вкупно 68,7 милиони евра, додека Епл ќе треба да плати 134,5 милиони евра.

Двата технолошки гиганти соопштија дека ќе се жалат на одлуката. Amazon ја нарече казната „несразмерна и неоправдана“.

Епл, исто така, ги отфрли обвинувањата, нагласувајќи дека компанијата внимателно избира партнери за продажба „за да се осигура дека се продаваат само оригинални производи на Епл“.