Поради суша Италија прогласи вонредна состојба во пет региони

Сподели со своите пријатели

Италија прогласи вонредна состојба во пет области на северот на земјата и одвои фонд од 36,5 милиони евра за последиците од сушата што со недели ја зафаќа долината на реката По.

Loading...

Министерскиот совет синоќа одобри воведување вонредна состојба во Емилија Ромања, Фриули-Венеција Џулија, Ломбардија, Венето и Пиемонт до 31 декември, соопшти владата во соопштението.

Италијанскиот полуостров е погоден од невообичаено ран топлотен бран со недостаток на врнежи, особено во земјоделската рамнина на реката По, која ја доживува својата најголема суша во последните 70 години.

Вонредната состојба обезбедува средства за спроведување на неопходните итни интервенции, за гарантирање на јавната безбедност, надомест на штетите и обезбедување на нормални услови за живот на жителите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Третина од парите за невработените во Германија одат за странци

Според Колдирети, најголемиот земјоделски синдикат во земјата, сушата се заканува да загрози 30 отсто од националното земјоделско производство и дури половина од планираниот приход во долината По.

Езерото Маџоре и езерото Гарда имаат водостои пониски од нормалните за овој период од годината, додека на југ падна и нивото на реката Тибар, која минува низ Рим.

Реката По е најголемиот резервоар со вода за Италија, а голем дел од него го користат земјоделците.

Изминативе денови неколку општини најавија рестриктивни мерки.

Loading...

Верона, град со 250.000 жители, воведе ограничувања за водата за пиење додека Милано одлучи да ги затвори украсните фонтани.

Како уште една последица на сушата, производството на електрична енергија значително се намали, а хидроелектраните лоцирани главно во планините на северот на Италија произведуваат речиси 20 отсто од електричната енергија во таа земја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Три европски земји им делат брошури на граѓаните во случај на војна и неочекувани кризи

Оваа објава дојде еден ден по смртта на најмалку седум лица при уривање на глечер на италијанските Алпи, што, според премиерот Марио Драги, несомнено е поврзано со климатското затоплување.