Парот кој патува низ светот и фотографира авантури кои ги објавува на Инстаграм, критикуван е поради последната фотографија направена на опасна локација.
Популарните блогери од Америка Коди и Кели биле на Бали во Индонезија, кога се решиле да снимат ризична фотографија. На неа Кели виси од надворешната страна на висок базен, додека Коди е во базенот и ја држи за раце додека ја бакнува.
Иако фотографијата изгледа неверојатно добро, факт е дека девојката била во голема опасност, а еден погрешен чекор ја делел од смртта.
Со овој чекор налутиле бројни фанови, кои сметаат дека даваат лош пример и „влијаат луѓето да бидат глупави и да ги ризикуваат сопствените животи“.
Коди и Кели се бранеле со тоа дека се направиле внимателно и полека, но и дека си веруваат меѓусебно.