Поради сообраќајка семафорите на две крстосници во Куманово надвор од функција

Сподели со своите пријатели

Поради дефект на семафорската инсталација предизвикан од сообраќајна незгода, во наредниот период надвор од функција ќе бидат уредите за светлосна сигнализација на две фреквентни крстосници во Куманово.

Станува збор за крстосниците на улицата „3-та МУБ“ со улицата „Народна револуција“, како и на улицата „3-та МУБ“ со улицата „Перо Чичо“, каде е евидентиран прекин на инсталацијата на семафорите.

Од Општина Куманово информираат дека надлежните служби веќе преземаат соодветни активности за што побрзо санирање на настанатиот дефект и повторно воспоставување на нормален режим на сообраќај.

Во меѓувреме, апелираат до сите учесници во сообраќајот да покажат зголемено внимание и строго да се придржуваат до поставената вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација на посочените крстосници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Двајца приведени: Поради нерачистени долгови нападнале кумановец со остар предмет