Поради снегот во Јапонија откажани летови, блокирани патишта, возовите доцнат

Сподели со своите пријатели

Поради обилните снежни врнежи во поголемиот дел од Јапонија откажани се 100 летови и блокирани десетици патишта, додека железничкиот сообраќај е во прекин, објавија јапонските власти и авиокомпаниите и железничките компании.

Loading...

Домашните авиокомпании, вклучително и АНА, Јапонија ерлајнс и други откажаа вкупно 100 летови поради снегот, соопшти јапонското Министерство за транспорт.

Делови од 31 автопат се затворени во централна и источна Јапонија, додека 54 излези од експресниот пат во Токио се блокирани, соопшти Министерството.

Проблеми со возот, доцни испораки

Железничкиот сообраќај на повеќе од десет правци во централна и источна Јапонија е суспендиран или се планира да биде суспендиран, се додава во соопштението за печатот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претседателот на Чешка закажа редовни парламентарни избори за 3 и 4 октомври

„Источна јапонска железница“, најголемиот железнички оператор во земјата, соопшти дека брзата линија меѓу Токио и североисточната префектура Јамагата ќе биде суспендирана подоцна во петок.

Големите компании за испорака, вклучително Јамато Транспорт и Сагава Експрес, велат дека може да доцнат со испораката на производите до сабота.