Поради ситуацијата во Полска, се активира Член 4 од НАТО: Кога и зошто се применува?

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта имаше 19 упади во полскиот воздушен простор, а голем дел од беспилотните летала влегоа од Белорусија, изјави полскиот премиер Доналд Туск во парламентот.

Тој додаде дека е потврдено соборувањето на три беспилотни летала, а уште едно чека потврда, пренесува Ројтерс.

Туск, исто така, рече дека Полска побарала од НАТО да го примени Член 4 од Северноатлантскиот договор во врска со нарушувањето на воздушниот простор на земјата од страна на беспилотни летала.

„Фактот дека овие беспилотни летала, кои претставуваа закана за безбедноста, беа соборени ја менува политичката ситуација. Затоа, сојузничките консултации беа во форма на формално барање за активирање на Член 4 од договорот со НАТО“, рече Туск.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стармер: Упадот на руски беспилотни летала во Полска е исклучително загрижувачки

Член 4 од Северноатлантскиот договор прецизира дека „страните ќе се консултираат меѓусебно“ ако се заклучи дека нивниот „територијален интегритет, политичка независност или безбедност“ е загрозен.