Железничкиот патнички и товарен сообраќај не се одвива поради штрајк на вработените, соопштиваат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.
Претходно во февруари годинава вработените во „Македонски железници“ штрајкуваа поради неисплатената плата при што со денови железничкиот сообраќај беше во прекин.
Со надлежните се договорија да започне исплатата на дел од заостанатите средства, паралелно и со тековната исплата на платите.

