Авиокомпаниите ќе мора да го откажуваат секој петти лет утре пред пладне на аеродромот во Париз „Роаси Шарл де Гол“ поради штрајкот, кој е најавен и за викендот на 9 и 10 јули, соопшти синдикатот.
Како што беше посочено од Генералниот директорат за цивилно воздухопловство, бидејќи спорот не е решен, од авиокомпаниите се бара да го намалат распоредот на летови меѓу 7:00 и 14:00 часот утре за 20 отсто на првиот француски аеродром Шарл де Гол, североисточно од Париз.
Работниците на француските аеродроми штрајкуваат поради платите. Поради штрајкот откажани се 17 отсто од летовите на париските аеродроми Шарл де Гол и Орли. Работниците планираа да одржат протести на двата аеродрома.
Тие бараат ретроактивно зголемување на платите за шест отсто до почетокот на годинава, додека аеродромската управа понуди зголемување од три отсто.
Штрајкуваат и пожарникарите на аеродромот Шарл де Гол, поради што аеродромот мора да затвори некои писти. Пожарникарите имаат посебни услови за плата.
Менаџментот одлучи да ги воведе овие превентивни откажувања поради штрајкот на пожарникарите на аеродромот, поради што ќе биде затворен дел од пистата и соодветно на тоа ќе се намали капацитетот.
Пожарникарите кои штрајкуваат поради платите го продолжуваат штрајкот, незадоволни од предлозите на раководството, изјави претставник на групата која управува со париските аеродроми.
Штрајкот очигледно се засилува, бидејќи во првите два дена од штрајкот, вчера и денеска пред пладне, на тој аеродром мораше да се откажат помалку летови, секој шести.
Функционерот рече дека штрајкот ќе трае цел викенд, како што е најавено, и дека е објавено ново соопштение за викендот што следи, на 9 и 10 јули, кога почнуваат летните школски распусти и бројот на патници на аеродромите, железничките станици и аеродромите обично е на својот максимум.