Поради селфи бутна скулптури вредни 200.000 долари (видео)

Сподели со своите пријатели

Жена која посетила уметничка изложба во Лос Анџелес направила штета од 200.000 долари откако бутнала неколку изложени дела обидувајќи се да направи селфи.

Според зборовите на претставник на музејот, три скулптури се трајно оштетени во оваа незгода.

Се наведува дека целата ситуација ја забележале безбедносните камери, а снимката се појави и на интернет. На неа се гледа жена кој клечи пред редот скулптури, губи рамнотежа и паѓа директно врз изложените дела.

https://www.youtube.com/watch?v=JYigP9XPWIE

Loading...