Поради ретко заболување во зима не смее да излезе од дома (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Иако многумина понекогаш тврдат дека би можеле да премрзнат и починат, Аријана Кент тоа навистина го проживува. Таа пати од ретко заболување поради кое не смее долго да биде на ниски температури затоа што навистина би можела да умре.

Loading...

Канаѓанката Ариана Кент има 21 година и необично пореметување кое и оневозможува капење во студена вода или минување време на ниски температури, пишува Дејли мејл.

Доколку нејзината кожа почсутвува студенило, реагира на тој начин што по целото тело и се јавува црвенило кое предизвикува чешање.

Ариана не излегува во текот на зимата затоа што поради посилна реакција на температура под нула би можела да заврши во болница во состојба на шок. Иако нејзината ситуација е сериозна, Ариана вели дека луѓето ретко ја сфаќаат сериозно.

– Секојдневно слушам како некој вели дека е алергичен на зима, а јас тоа навистина го проживувам и е грозно. Луѓето не ми веруваат, дури и ако им кажам дека сум била во болница ме гледаат како да сум луда. Често велат дека знаат оти ми е студено, но да не претерувам и дека сигурно не сум алергична, рекла Ариана.

Ситуацијата ја влошува и фактот што таа живее во земја каде температурата паѓа и до 40 степени под нулата. Поради тао често се затвора дома и носи повеќе слоеви облека.

– Се започнува од мала дамка која подоцна се шири по целото тело. Неколку пати целото тело ми беше потечено. Мојата кожа во зима се иритира и ме чеша, па имам чуство како целото тело да ми гори. Некогаш не можам да дишам, се чувствувам како нешто да ми седи на градите и да ми прави тежина, рекла таа.

Меѓутоа, додава дека не секогаш било така и дека како мала ги немала овие симптоми. Кога како дете го чистела снегот, имала послаби сипаници и мислеле дека е алергична на некоја храна. Дури кога направила тест на алергија, сфатила за што станува збор и научила како да се заштити.

Loading...
https://youtu.be/mJjZ_t7qA7o

Leave a Reply