Поради реконструкција на искривени столбови за семафори во градот деновиве дел од нив ќе бидат исклучени, информираат од Општина Куманово.
Семафорите на крстосницата помеѓу булеварите „III – та МУБ„ и „Октомвриска Револуција„ надвор од функција ќе бидат на ден 03.07.2018 (вторник). Во среда семафорската сигнализација помеѓу “Трета Македонска Ударна Бригада и улицата „Перо Чичо”додека во четврток на крстосница помеѓу булеварот „Октомвриска Револуција„ и улицата „Ѓорче Петров“.
Според динамиката за работа прекинот на нормалниот режим на работа на семафорите ќе трае најдоцна два дена, стои во соопштението од Општина Куманово.