Две лица од Куманово биле приведени викендов под сомнение дека учествувал во настан во кој имало пукање пред угостителски објект.
Loading...
– На (11.06.2023) во 03.20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Ф.И.(43) и Ф.И.(47), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за нивна инволвираност во настан во кој имало пукање од огнено оружје пред угостителски објект на ул.„Димитрије Туцовиќ“ во Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од МВР, во настанот нема повредени лица и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски