Поради промените на Фејсбук, Цукерберг загуби 3 милијарди долари

Сподели со своите пријатели

Одлуката на Марк Цукерберг Фејсбук да се врати на старото издание, односно наместо рекламите во News feed, да се гледаат објавите на пријателите, го чинеше 3,3 милијарди долари, а вредноста на акциите на компанијата падна за околу 4,4 отсто.

Британски „Индепендент“ пишува дека, откако Фејсбук во четврток ги објави промените, вредноста на акциите на берзата паднала веќе во петок.

„Форбс“ пресмета дека овој чекор на Марк Цукерберго го чини 3,3 милијарди долари, што е околу 4,4 отсто од неговото вкупно богатство.

Цукерберг како причини за ваквите промени наведува дека сака на сајтот приоритет да бидат објавите од пријателите и семејството, а не медиумите и брендовите.

– Го создадовме Фејсбук за да им помогнеме на луѓето да останат поврзани и да станеме блиски со луѓето кои ни се внажи. Но, во последно време добивме повратни информации од нашата заедница дека јавните содржини, како што се објавите од компании, брендови и медиуми, ги задушуваат приватните моменти кои не водат кон взаемно поврзување, рекол Цукерберг.

Во компнијата Фејсбук рекле дека се убедени дека промената долгорочно ќе биде исплатлива и дека најважна им е среќата на корисниците кои сакаат повеќе објави од пријателите, а помалку лажни вести и платена содржина.