Околу 560.000 здравствени пропусници во Франција се во опасност од деактивирање, соопшти тамото Министерството за здравство, откако денеска стапуваат во сила новите правила за зголемена доза на вакцини против коронавирус за сите возрасни лица.
Почнувајќи од денес, возрасните кои примиле втора доза на вакцина против коронавирус пред повеќе од седум месеци, мора да добијат и трета дополнителна вакцина за да ја задржат валидна пропусницата.
Овие сертификати нудат доказ за вакцинација или прележување наболеста и се задолжителни за влез во ресторани, кафулиња, културни настани и други места.
Владата почна да ги заострува правилата за пропусници во средината на декември.
Инфекциите нагло се зголемија во Франција во последните недели благодарение на позаразната варијанта на коронавирусот, омикрон, кој сега сочинува две третини од позитивните примероци.
Властите неодамна објавија 329.000 нови инфекции за само еден ден. Број на регистрирани инфекции на 100.000 луѓе.