Келнерка во американскиот синџир ресторани „Хутерс“, познат по оскудно облечените девојки кои служат храна, на својот канал на Јутјуб објави колку бакшиш добила во една смена.
Џејд Амбер вели дека дури и кога денот не и е добар, добива бакшиш од најмалку 25 до 50 долари.
– Вообичаено тие ноќи ме испраќаа дома бидејќи нема многу работа, а тоа е само еден дел од годината. Тие денови се многу ретки, но се случуваат – вели Џејд.
Од друга страна, кога има добар ден, келнерката заработува многу поголема сума.
– Добар ден би бил од 95 до 125 долари. Тоа е како „Добро, заработив толку пари, но знам дека можам повеќе“ – вели таа и додава дека и во најлошите смени може да каже дека барем не се вратила со празни раце.
Џејд вели дека имало денови кога добивала од 150 до 400 долари од клиентите, но можеби тоа сè уште не е најголемата заработка од бонус што ја земала.
– Сакам да кажам дека деновите од 500 долари се навистина, навистина добри денови. Најмногу што некогаш заработив во Хутерс беа 900 долари – откри келнерката.
Таа вели и дека најголемите суми би ги добила на самиот крај на смената.