Три возила за вршење јавен превоз на патници вчера биле исклучени од сообраќај поради неисправен уред за запирање, и еден поради неисправни светлосни сигнали, информираат денеска од полицијата.
– Во текот на вчерашниот ден (16.12.2021) од 12.00 до 16.00 часот на територија на СВР Куманово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возила со кои се врши јавен превоз на патници, при што санкционирани се 4 возачи. При контролата 3 возила се исклучени поради неисправен уред за запирање и 1 за неисправни светлосно сигнални уреди, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Засилените сообраќајни контроли, како што посочуваат од кумановската полиција, продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и зедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението на полицијата.
Никола Ивановски