Јапонската принцеза Ајако (28) се омажила за граѓанинот Кеи Мори (32) на традиционалната церемонија во Токио.
Поради тоа морала да се откаже од кралската титула и да стане обична граѓанка. Имено, во Јапонија важи правилото дека ако мажите од кралското семејство се ожена со граѓанка таа влегува во семејството, но ако жена од кралско семејство се омажи за обичен граѓанин, губи титула и мора да ја напушти палатата.

За утеха, Ајако од државата навотно ќе добие мираз во вредност од 1,3 милиони долари, пренесува CNN.
– Сакам да работиме заедно, рака под рака, да создаваме семејство исполнето со насмевки, порачал младоженецот, инаку вработен во брогдската компанија „Нипон Јусен“.
The price of love? Japan's Princess Ayako gives up her royal title to marry a 'commoner'https://t.co/1pJDQXUizM pic.twitter.com/7QAowc5TTM
— BBC News (World) (@BBCWorld) October 30, 2018

