Поради коментар на социјална мрежа, кумановец доби кривична пријава

Сподели со своите пријатели

Кумановец доби кривична пријава под сомнение дека со коментар на социјални мрежи ширел расистичка и ксенофобична содржина.

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Џ. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, на 07.10.2025, пријавениот на социјални мрежи објавил коментар со расистичка и ксенофобична содржина.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец преку апликација се заканувал на невенчаната сопруга