Поради климатските промени Гренланд би можел да извезува песок

Сподели со своите пријатели

Гренланд би можел да започне да извесува песок „благодарение“ на глобалното затоплување кое ја топи огромната ледена површина на островот и носи големи количества талог во морето, покажале резултатите на најновата студија на тимот научници од Данска и САД.

Loading...

Песокот на Гренланд би можел да му донесе корист од климатските промени, објави тимот научници во списанието „Nature Sustainability“.

– Можете да го замислите топењето на мразот како една чешма низ која се излева песок на брегот, изјавил главниот автор на студијата Мет Бендикен, истражувач од Универзитетот Колорадо, а пренесува Ројтерс.

Студијата, под името „Ветувањета и опасностите од експлоатацијата на песокот на Гренланд“ наведува дека овој регион би морал да ги процени ризиците од крајбрежното рударство, особено врз рибарството.

Светската побарувачка за песок изнесувала околу 9,55 милијарди тони во 2017 година со пазарна вредност од 99,5 милијарди долари и се предвидува дека ќе достигне скоро 481 милијарди долари во 2100 година, потикната од растечката побарувачка и можните недостатоци, се наведува во студијата.

Давид Бурман од данскиот универзитето во Архус, кој не бил вклучен во студијата, рекол дека веќе постои некоја локална експлоатација на песок за домашна градежна индустрија на Гренланд.

– Моментално тоа е евтин ресурс, но ќе станува поскап, вели Бурман.

Студијата вели дека песокот би можел да се користи и во иднина за да се засилат плажите и брегот кои се под ризик од растот на нивото на морето, што е предизикано и од топењето на Гренланд.

Loading...

Leave a Reply