Поради градежни работи на наплатната рампа кај Романовце возете внимателно

Сподели со своите пријатели

­Друштвото „АСФАЛТ ДОО“ Скопје известува дека поради изведување на градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатна станица Романовце, во периодот од 29.10.2015 до 28.03.2016 на магистрален пат А1, делница Куманово ­ наплатна станица Романовце и обратно, сообраќајот се одвива согласно Одобрението за времен режим на сообраќај бр. 24.3­60091/1 од 28.09.2015 издадено од Министерството за транспорт и врски на Р. Македонија.

Loading...

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација, стои во соопштението на АМСМ.