Поради градежни активности сообраќајот на неколку улици во градот ќе биде блокиран

Сподели со своите пријатели

Во врска со имплементација на ИПА – проект „Рехабилитација и проширување на канализациона мрежа во Општина Куманово“, Секторот за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина и природата ги информира граѓаните дека од 25.10.2016 година ќе се започне со градежни работи на улиците: „Прва Петолетка“ и „Среќко Пужаљка“ и ќе се продолжи со работа на дел од улицата „Перо Чичо“ поточно од улицата „Тане Георгиев“ до улицата „Кирил и Методиј“.

За краткиот период додека се изведуваат градежните работи на спометаниве локации, сообраќајот ќе биде блокиран со цел да се изведат што е можно побрзо градежните зафати. Воедно ги молиме граѓаните за соработка од нивна страна, стои во соопштението од Општина Куманово.